На аукција во куќата „Кристи“, продадена е копија позната како „Хекинг Мона Лиза“ по цена која постави нов рекорд.
„Ова е лудило, ова е апсолутен рекорд за репродукција на Мона Лица“, рекла претставничката за односи со јавност на „Кристи“.
Додала дека на меѓународната аукција имало 14 понудувачи, и дека во последните еден час од 500 илјади, вредноста се искачила на 2,4 милиони, и на крајот била дадена конечна понуда од 2,9 милиони евра.
Сопственикот кој ја продал сликата безуспешно тврдеше дека таа слика е оригинал која ја купил во педесетите години од минатиот век.
