Коридорот 10Д заглавен во деминирање: Дали автопатот Прилеп-Битола ќе биде готов до 2027 година?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку уште 10 години, граѓаните кои возат по патот Прилеп-Битола и обратно треба да се движат по долги колони, бидејќи овој патен правец и натаму е во фаза на градба. Проектот од 40 километри на коридорот 10Д сè уште е во првата фаза на трасата, а автомобилите се движат по стариот алтернативен пат, кој поминува по селата, а сообраќајот е бавен и тежок.

Во текот на цело лето не се работеше на коридорот 10Д, бидејќи кај трасата од Прилеп до Битола, во сегмент од стотици хектари беа детектирани експлозивни од поранешните војни.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека во сегмент од 6 километри се врши експропријација на приватните парцели, каде 850 од вкупно 1300 парцели од катастар веќе се обезбедени за проектот и останати се уште 450 имоти на жители од зоната кои треба да преминат во државна сопственост.

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“, покрај проект Прилеп-Битола е на почеток на изградбата на Коридорот 8, кој ќе се протега во должина од 68 километри кој се очекува да биде автопат со 6 ленти. Според проектот, Тетово ќе се поврзе со Гостивар и Кичево, Требениште-Струга-Ќафасан. И кај овие делници има многу мал напредок во работите, бидејќи според конзорциумот има недостиг од работници. Двата проекта граѓаните ќе ги чинат 1,3 милијарди евра за Бехтел и Енка и околу 300 милиони евра за компаниите кои го вршат надзорот на проектот кој најверојатно ќе има и анекс договор.