Се чини дека и покрај најавите дека полека ќе се враќа нормалниот живот, сепак очигледна е нервозата и нетрпението кај граѓаните поради состојбата со корона вирусот. Сегашноста ни изгледа збунувачка, а иднината неизвесна. Посветувајќи му внимание на нашето физичко здравје, често забораваме дека имногу значајно е да се грижиме и за нашето ментално здравје. Според стручните лица, очекувана е појавата на стрес во време кога целиот свет се бори со најголемиот здравствен противник.
Елена Антоновска, регресотерапевт вели дека животот за време на кризата и пандемијата се променил многу.
„Мислам дека поголемиот дел останаа уплашени со анкциозности, панични напади, параноја, не само за здравјето и животот туку вооопшто за иднината и начинот на функционирање, бидејќи кризата влијаеше на секој аспект од животот не само на глобалното здравје туку и на емоционално менталниот склоп, економската ситуација, на социјалната“, изјави Андоновска.
Антоновска смета дека на сите ќе ни треба долго време за да се вратиме во нормала каде би живееле стабилно и без грижи за својата иднина, додавајќи дека ни претстои период каде што ќе ни биде тешко да се вратиме во нормална состојба.
„Поголемиот дел од луѓето останаа позатворени, поуплашени, подистанцирани, себични и егоистични, наместо да ја сменат фреквенцијата и да направат нешто во врска со тоа секако притоа да се задржат превентивните меркии мерките на претпазливост“, рече Антоновска.
Психологот Ивана Станковска вели дека оваа моментална состојба е психолошки високо поразителна за нас.
„Тешко може да предвидиме како ќе се одвиваат нештата по оваа прашање во иднина со оглед на тоа што сеуште сме во еден процес кој што е жив, кој што има многу непознати фактори, тешко можеме да предвидиме како ќе се развиваат нештата и како луѓето ќе реагираат меѓутоа она што можам да го претпоставам е дека ситуацијата е високо стресна за нас“, вели Станковска.
Според владините препораки задолжително е носење маски во јавниот превоз и затворени простории каде што нема можност за држење растојание. Забраната за групирање на повеќе од две лица и понатаму останува во сила.
