Коронавирус замина, но последиците останаа – Старделова: Не знаеме дали корона придонесе за зголемен број случаи со рак

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ковид-состојбата е смирена, но вирусот остави различни последици врз пациентите кои прележале корона. На Клиниката за гастроентерохепатологија изминатиов период e регистриран зголемен број пациенти со пост-ковид компликации, вели директорката Калина Гривчева- Старделова.

Бројот на лица кај кои е дијагностициран карцином е доста зголемен, а тоа може да биде токму како последица на коронавирус. Старделова додава дека и за време на кризата од пандемијата иако клиниката била ковид-центар, постојано се третирале пациенти со проблеми со црниот дроб и други органи.

Во последните пет години, на Клиниката биле дијагностицирани 355 лица со карцином на црн дроб.  Граѓаните да прават редовни систематски прегледи со комплетна лабораториска слика за да се види дали има потенцијална можност од добивање некакво заболување на црниот дроб. Ако има промени или замастување на црниот дроб треба континуирано следење на 6 месеци или една година, порачува директорката Старделова.