„Коронавирусот не се пренесува преку еврата“, велат од Европската централна банка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Не постои ризик да се заразите од коронавирусот со користење на хартиените и металните евра“, велат од Европската централна банка.

Како што се наведува, тоа е потврдено после лабараториските испитувања кое покажало дека вирусот преживеал повеќе на други површини, отколку на парите.

Еврата и натаму се користат во 19 земји од Еврозоната, но се користат и во другите земји. Многумина од трговците побараа од купувачите да се префрлат на бесконтактно плаќање за да се избегне користењето на парите.

Членот на извршиот одбор на Банката, Фабио Панета рече дека испитувањата покажале дека вирусот преживува 100 пати повеќе на железните површини како што се рачките од вратите, отколку на монетите. Други анализи покажале дека вирусот потешко се пренесува преку памучни или хартиени површини.