Коруновски: Легендарниот воз “Шпанец”, се враќа на пругите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Легендарниот воз “Шпанец”, некогаш заборавен и речиси отпишан, се враќа на голема врата!

Оваа информација на Фејсбук ја најави Игор Коруновски, директор во МЖ Транспорт.

„Денес го тестиравме целосно обновениот и модернизиран воз со нов дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор.

Подготовките за поудобно и побезбедно патување се во полн ек.

Следуваат уште новости – останете со нас!“, порача Коруновски.