Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Брисел беше пречекан од Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија и Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет.
Кошта рече дека ова е „многу важен момент“ за дополнителна изградба на европската безбедност.
Тој рече дека претходната средба на лидерите на ЕУ минатиот месец била посветена на „бреинсторминг“, додека денеска „ќе се носат одлуки и ќе има ефекти“ од оваа средба.
