Кошта пристигна во Скопје, средба со Мицкоски во Владата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска пристигна во Скопје во рамки на неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан. Пред Владата го пречека премиерот Христијан Мицкоски, по што следуваше тет-а-тет средба и состанок меѓу двете делегации.

Кошта во Скопје допатува од Тирана, а на аеродромот беше пречекан од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. По разговорите во Владата, предвидена е и заедничка прес-конференција на Мицкоски и Кошта.

Посетата е дел од регионалната турнеја на претседателот на Европскиот совет, кој ќе разговара со лидерите од Западен Балкан за евроинтеграциите, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста. На 5 јуни во Тиват, Црна Гора, Кошта ќе биде копретседавач на Самитот ЕУ – Западен Балкан.