Полицијата на Косово денеска во околината на Звечан запленила големо количество на оружје, за кое постои сомневање дека останало од нападот на 24 септември во Бањска.
Министерот за внатрешни работи на земјата Џељаљ Свечла и директорот на полицијата Газменд Хоџа, одржаа прес конференција.
„Пронајдени се над 1.000 куршуми, 10 долги пушки, митралези, 62 гранати, експлозиви, двогледи, радија, пригушувачи, маски, панцини, униформи на српската војска и 10 униформи на косовската полиција, опрема за дронови“, рече Хоџа.
