Од денес во институциите во северниот дел на Косово нема веќе српски полицајци, ниту судии, а во косовското Собрание нема српски пратенци.
Повеќе од 300 полицајци Срби кои викендов поднесоа оставки, доаѓаат во полициската станица во Косовска Митровица да ја раздолжат опремата и оружјето.
Околу 150 српски судии, обвинители и вработени во судската служба и формално се повлекоа од судот во Косовска Митровица, а десетмината претаници од српската листа ги вратија мандатите во косовското Собрание. Бараат да се почитува Бриселскиот договор потпишан пред девет години и да се формира Заедница на српските општини. Став кој го поддржува и владата во Белград.
Американската амбасада во Приштина побара од владата на Албин Курти веднаш да формира Заедница на општини со српско мнозинство. Од Амбасадата сооштија дека повлекувањето на косовските Срби од косовските институции не е решение за актуелните спорови
