Костадинов со честитка до Петар Јанков: Посакувам да има успешен мандат, многу храброст и мудри одлуки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Досегашниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов преку својот Фејсбук профил се огласи со честитка по повод победата на идниот градоначалник на Струмица, Петар Јанков од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

„Посакувам да има успешен мандат, многу храброст и мудри одлуки кои ќе придонесат за развој и континуитет на нашата Струмица.

Искрено сум благодарен на сите мои сограѓани кои во изминатите години ми ја давале својата поддршка во сите изборни циклуси во кои директно сум учествувал и победувал. Вашата верба и доверба ќе останат мој поттик и водилка низ животот, мотив да одам напред и никогаш да не застанам.

Благодарам и на членството на СДСМ, на сите мои искрени другари со кои сме биле и мора да бидеме рамо до рамо и понатаму!

Токму вашата доверба ме направи да бидам почитичар кој нема изгубено избори.

Моја Струмицо, од срце те сакам.

Продолжуваме…“, вели Костадинов.