Коцијас: Мизрахи грубо го прекрши Договорот од Преспа и меѓународното право

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За таблата во министерството за труд и социјална политика, реагираше и екс министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коцијас кој на својот „Твитер“ напиша дека Владата на Грција треба да реагира до меѓународните институции и ЕУ, поради грубо кршење на меѓународното право.

„Владата треба да поднесе извештај до ОН поради Рашела Мизрахи министерот за труд и социјална политика на Северна Македонија, која доаѓа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за грубо кршење на Договорот од Преспа и за кршење на меѓународното право“, напиша Коцијас.