„Браво момци, покажавте како се брани националниот дрес“, напиша премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил по натпреварот Македонија – Португалија.
Тој посочи дека фудбалерите одиграле одлична игра и пожртвувано до последната минута.
„Нема за што да жалите, бевте достојни противници на најсилните репрезентации во светот. Ви благодариме што не направивте горди, продолжуваме понатаму. Вашата иднина е светла!“, вели Ковачевски.
