Продолжуваат реакциите за одлуката на Апелација во врска со случајот за Мијалков,а со тоа и преписките опозиција-власт.
Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека е разочаран од одлуката за укинување на пресудата за случајот Таргет-Тврдина. На синоќешната партиска трибина на СДСМ рече дека ова е пораз за правната држава.
Последните примери од судството покажуваат дека Ковачевски продолжи таму каде што застана Зев, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Реакција имаше и од албанската опозициска партија АА. Не лејте крокодилски солзи за ослободувањето на Мијалков, да ја започнеме реформата во судството, порача пратеникот Сурија Рашиди.
„После ова сите треба да пристапиме кон суштински реформи во правниот систем, за да се стави крај ма амнестијата на криминалците, неправедните казни за граѓаните кои се невини и монтираните случаи каде за жал настрадаа голем број граѓани, воопшто, а особено Албанци“, вели Сурија Рашиди.
Одбраната на Мијалков вели дека се “загрижени“ и “вознемирени“ од изјавите на високи државни функционери од извршната власт. Вели дека тоа е директно мешање и вршење притисок врз судството, кое треба да биде независно, вели одбраната, од каде што додаваат дека ќе го известат Судот за човекови права во Стразбур бидејќи сметаат дека ова ги загрозуваат правата на клиентот за праведно судење.
