Ковачевски: Нашиот судски систем е ослободен од политичкото влијание

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

 „Нашиот судски систем е ослободен од политичко влијание“, истакнува во интервју за „Ди Пресе“, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашање поврзано со азилот во Унгарија на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е правосилно осуден во нашата земја.

Ковачевски посочува дека Груевски е осуден, а против него се водат и други постапки.

„Прашањето за политичкиот азил во Унгарија им се упатува на унгарските политичари, не мене. Еден ден тој ќе мора да се врати и да се соочи со својата казна“, додава Ковачевски за австрискиот весник.