Премиерот Димитар Ковачевски нема да го посети украинскиот град Киев заедно со Дритан Абазовиќ и Еди Рама.
Од Влада за ТВ21 објаснија дека не можноста за посетата е поради интензивната агенда на премиерот.
„Покана за посета за која прашувате а која е иницирана од украинскиот претседател Зеленски се однесува на период кој во агендата на премиерот е исклучително интензивен и поради неможност истата да се измени, за жал не бевме во можност позитивно да одговориме. Нашата поддршка за Украина и храбриот украински народ е недвосмислена и безрезервна. Благодарни сме на поканата за посета за која веруваме дека наскоро ќе биде реализирана“, велат од Влада за ТВ21.
