Ковачевски потврди – ќе се кандидира за лидер на СДСМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера СДСМ ја утврди оставката на претседателот Зоран Заев и распиша внатрепартиски избори за 12 декември.

Прв кој ја најавува својата кандидатура за лидер на партијата е и актуелниот заменик-министер за финансии и член на ИО на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Тој во изјава за Фокус потврди дека ќе се кандидира за лидер на СДСМ.

„Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истактани членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател“ – вели Ковачевски во изјава за Фокус.