Ковачевски: Скопјани да бидат спокојни, ќе имаат парно

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мандатарот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски на социјалните мрежи истакна дека скопјани денеска и во текот на целата грејна сезона ќе имаат парно со соодветна температура. Тој додава дека владата ги активирала сите механизми и чекори за обезбедување топли домови и дека проблемот е надминат.

„Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно“, напиша Ковачевски на социјалните мрежи.