Ковачевски: Владата нѐ задолжи да го менаџираме парното греење, затоа што сите избегаа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека Владата ги задолжила да го менаџираат парното греење во Скопје, затоа што сите избегале.

„Владата нас, како најголема енергетска компанија во државата, не задолжи да го менаџираме односно управуваме парното греење во државата затоа што кренаа раце, сите се тргнаа на страна“, вели Ковачевски.

Тој додава тоа е примарна работа на Град Скопје.