Ковачевски: За 6 до 7 години ќе биде изграден Чебрен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Чебрен ни е многу важен, и затоа треба да успее“. Ова го кажа генералниот директорт на ЕСМ, Васко Ковачевски во изјава за ТВ21.

Тој кажа дека Чебрен се очекува да биде готов за 6-7 години.

„До средината на 2022 година ќе имаме одлука и партнер од деветте понуди кои се пристигнати, и очекуваме 6-7 години да биде изграден Чебрен со сила од 330-430 мегавати. Зошто е важен Чебрен? За производство на енергија, но најважен за балансната енергија. Токму затоа ни е многу важен Чебрен да успее. Така се поставени работите, и имаме компанија од Италија која ни помага да стигнеме до успешна постапка. Но со Чебрен не завршуваме, туку пет мини електрани на реката Вардар. Хидропотенцијалот кој го имаме сега е многу стар. И сега ние инвестираме 28 милиони евра во реватилизација да го задржиме хидропотенцијалот во кондиција. И да ги развиеме ветерните паркови“, рече Ковачевски.