Премиерот Димитар Ковачевски негира дека имал средба со екс премиерот Зоран Заев за создавање на олеснителни околности за враќањето на Никола Груевски во земјава. Сепак тој нагласи дека Груевски се бара со меѓународна потерница и неговото враќање мора да се случи.
Ковачевски не сакаше да коментира за тоа дека со новиот Кривичен Законик повеќето од предметите на Груевски застаруваат.
Според новиот Кривичен законик Талир 2, Траекторија, ТНТ, Титаник, набавката на Мерцедесот, Насилството во општина Центар се дел од случаите од кои ќе се спаси Груевски. Што се однесува до настаните од 27 април во Собранието, Груевски ќе одговара кога ќе биде уапсен, но доколку се одлучи дека важи помилувањето на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, тој ќе се спаси и од овој предмет. Единствените евентуални предмети за кои Груевски мора да одговара остануваат Талир 1 за перење пари и купување имоти на Водно.