Ковачевски за ТВ21: Денеска во Скопје имав средба со Ахмети и Заев, разговаравме за европските перспективи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Скопје денеска се одржала средба надвор од очите на јавноста меѓу премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот премиер Зоран Заев. Информацијата за ТВ21 ја потврдува самиот Ковачевски. На нашето прашање дали имало средба и за што се разговарало, Ковачевски одговори:

„Да, разговаравме за европските перспективи на Северна Македонија“, кратко ни одговори премиерот.

Нејасно е на која локација се одржала средбата и зошто на истата бил повикан и поранешниот премиер Зоран Заев.

Димитар Ковачевски ги брои последните денови до неговата оставка и формирањето на техничка Влада на која премиер ќе биде Талат Џафери.

И во новата година, но и за новата Влада останува предизвикот наречен „Уставни измени“ кои се услов за продолжување на преговорите со Европската унија. Опозицијата промените ги нарече „Бугарски диктат“, без да кажат какво решение нудат со нашиот источен сосед.

ТВ21 контактираше и со поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети, но до овој момент коментар не добивме.

ФОТО: Архива