Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ покажа дека може да коалицира со албанските партии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека ВМРО-ДПМНЕ покажало дека може да коалицира со албанските партии.

„Претседателот успеа да ги подобри, и тоа како, односите со меѓународната заедница, со водство на претседателот успеавме да ја разбиеме стигмата што во изминатиот период ни се нафрлаше од нашиот политички противник дека немаме капацитет за коалиција со албанска партија. Тоа го покажавме дека не е така, а тоа коалицирање го покажа, односно најдобро се демонстрираше на локалните избори каде што извојувавме убедлива победа над СДСМ“, посочи Ковачки.