Коронавирусот се појави во ноември минатата година во Кина, а потоа се прошири во целиот свет, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Поминаа речиси 6 месеци откако светот се соочува со непознат непријател. За граѓаните ова се чини долг и стресен период, но за лекарите и научниците е кратко време за да се открие лек за Ковид-19.
„Можеби на прв поглед изгледа како долг период, но за нас лекарите и научниците периодот од 6 месеци е краток период, и како што изгледа од почетокот не фати неподготвени, значи уште од нулта пациентот“, вели Ирфан Ахмети.
Додека за лекарите и научниците ововј период откако почна вирусот, е краток, за граѓаните секој ден станува се потежок од претходниот. Карантинот ќе остави многу последици, вели социологот Субај Раими, кој бара од граѓаните да одржат рамнотежа и да не паѓаат во депресија.
„Карантинот не само што го принудува човекот да се изолира во своите мисли и постојано во страв за своето здравје но и за здравјето на своите роднини и пријатели. Кај човекот карантинот предизвикува депресија“, вели Сунај Раими.
Тој смета дека по карантинот луѓето поинаку ќе гледаат на животот.
„Луѓето ќе станат похумани и посолидарни, ќе бидат повеќе со семејството, повредни, ќе го ценат животот и здравјето. Убеден сум и дека работата ќе ја сакаат повеќе“, додава Раими.
Првиот случај на коронавирус во нашата земја се појави на 26 февруари, а вонредна состојба се прогласи на 18 март. Полицискиот час почна да се спроведува на 23 март.
