Ковид-вакцини доставени до британската поларна база

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Околу девет месеци по почетокот на употребата на вакцината Астра-Зенека против коронавирус, таа конечно стигна и до Антарктикот. Лекот е наменет за 23 члена на британската истражувачка станица „Ротера“.

Ова е најјужната точка на светот до која стигна оваа вакцина.

Освен изолирани случаи во чилеанската база, на Антарктикот засега нема други заразени со коронавирус. Но, како што се приближува новата летна сезона на истражување, тука ќе мора да се воведат строги здравствени протоколи. На пример, екипажот на новиот поларен брод на Обединетото Кралство – „Сер Дејвид Атенборо“ наскоро ќе биде ставен во карантин пред да тргнат на југ следниот месец со опрема и залихи.

„Ротера“ всушност, е блокирана од март, кога само основната група вработени остана на „Белиот Континент“ поради долготрајната темнина и ужасното време со што се одликуваат поларните зими. Тие сега ќе имаат одреден имунитет кога нови посетители ќе почнат да пристигнуваат при претстојната летна истражувачка сезона.