Крадел по џамии во Тетово – лишен од слобода малолетник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата уапси малолетник од Тетово, поради тоа што извршил тешки кражби во неколку џамии низ Тетово.

„На 19.05.2026 во 18:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дело по член 236 од Кривичниот законик – „тешка кражба“. Имено, тој се сомничи дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии, а последен пат во џамија на улица „176“ во Тетово, каде што со употреба на сила ја разбил металната каса за донации и од неа одзел пари. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, стои во објавата на полицијата.