Џорџа Мелони, лидерката на крајната десница во Италија, прогласи победа на вчерашните парламентарни избори во земјата. Таа се очекува да биде првата жена премиерка во историсјата на земјата. Ќе треба да ја формира најдесничарската влада уште од Втората светска војна.
Мелони и нејзината партија „Браќа на Италија“ освоија најмногу гласови, а таа кажа дека „ќе владее во интерес на граѓаните, и нема да ја изневери довербата на народот“.
„Браќа на Италија“ ќе освои 26% гласови, додека Демократската партија заврши на второто место но десничарската алијанса на Мелони, во која се „Лига“ на Матео Салвини и „Форца Италија“ на Силвио Берлускони, ќе има контрола на парламентот со вкупно 44% гласови.