Британската кралицата Елизабета (95) нема да присуствува на фестивалот на сеќавање закажан за 13 ноември, затоа што лекарите и препорачале да одмора најмалку две недели.
Согласно лекарските совети, таа треба да избегнува официјални посети и во тоа време да работи само лесни работи во својата работна соба, соопштија денеска претставници на кралскиот дворец.
Сепак, истите извори соопштиле дека кралицата Елизабета има цврста намера да биде присутна на националната служба за сеќавање на воените ветерани на 14 ноември.
Кралицата минатата недела во среда отиде во болница на прелиминарни прегледи и се врати во Виндзор напладне во четвртокот. Таа потоа „неволно“ го прифатила советот на лекар да одмори неколку дена и да ја откаже посетата на Северна Ирска.
Британската кралицата требаше да присуствува на вечерниот прием во понеделник на конференцијата COP26 во Глазгов, но наместо тоа ќе пренесе снимена порака до светските лидери.
