„Кралот на криптовалутите“ уапсен во Црна Гора при обид да лета за Дубаи со лажен пасош

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Полицијата на Црна Гора го уапси До Квон од Јужна Кореја, коосновач и извршен директор на „Тераформ Лабс“ со седиште во Сингапур, кој е еден од најбараните светски престапници и поранешен „крал на криптовалутите“.

Покрај него, уапсен e и неговиот сонародник, Хон Чанг Јон. Црногорското Министерство за внатрешни работи соопшти дека при пасошка контрола на летот за Дубаи двајцата јужнокорејци употребиле фалсификувани пасоши на Костарика, што било утврдено со проверките на Интерпол. Притоа се одземени и три лаптоп компјутери и пет мобилни телефони од двајцата осомничени.

Некогашниот „крал на криптовалутите“ стои зад загуби поголеми од 40 милијарди долари. Покрај Јужна Кореја, по него трагаа и САД и Сингапур.