Кралското семејство нема да присуствува на крштевањето на Лилибет?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Кралското семејство најверојатно нема да присуствува во САД на крштевањето на ќерката на Меган Маркл и принцот Хари – Лилибет.

Во текот на летото се појавија шпекулации дека Лилибет ќе биде крстена во Англија, како и нејзиниот брат Арчи, но сега извор близок до семејството го негираше ова.

„Нема да има крштевање во Британија. Тоа нема да се случи“, рекол извор од палатата за Телеграф.

Портпаролот на Меган и Хари за Дејли Меил изјави дека плановите за крштевање се уште не се разјаснети и војводите од Сасекс допрва треба да донесат одлука.

Ако двајцата одлучат да го крстат Лилибет во САД, малку е веројатно дека некој од кралското семејство ќе отпатува таму за да присуствува на настанот.