Намалувањето на буџетот на обвинителството и судството ја доведува во прашање работата и редовното функционирање на нивната работа. Судијата Осман Кадриу оценува дека ова би бил голем удар за правосудниот систем. Според него, намалувањето на буџетот може да има директно влијание врз остварувањето на надлежностите на Јавното обвинителство и на судството, поради тоа што борбата против корупцијата е приоритетна задача на целата македонска влада.
-Мора да се обезбеди вистинска финансиска независност на судството во целина, вклучително и Јавното обвинителство и судството, за да може да се реализира нивната надлежност. Нивната компетентност е доста важна, таа е деликатна, тоа е значајна одговорност, особено кога се работи на борбата против корупцијата, против сериозниот криминал и другите девијации на општеството-рече Кадриу.
Со уставот имаме поделба на власта на законодавна, извршна и судска, но за да функционира тоа мора да се работи преку механизмите на државата, што владата и парламентот мора да ги обезбедат, вели Османи. На прашањето дали мисли дека власта ќе и се реваншира на опозицијата и дали во моментов има индиции за таква постапка, Османи вели:
-Во моментов сум на мислење дека мерките што ги презема владата за корупција се разумни, имаат правна, политичка и економска основа, во таа насока треба да се дефинира досегашната политика на владата, на парламентот и на самото судство, но потенцирам доколку се појават симптоми, елементи и сомнежи дека со борбата против корупцијата, власта, актуелната власт, ќе се обиде да им се реваншира на оние од македонскиот блок и од албанскиот блок кои се во опозиција, таквата појава ќе биде санкционира и такво нешто никако не треба да се дозволи-вели Кадриу.
Инаку, буџетот на судството со предлогот за ребаланс е намален за 65.661.000 денари. Овој предлог наиде на противење во собраниската Комисија за финансирање и буџет од претставниците на Судскиот буџетски совет и државното јавно обвинителство, Силвија Јаневска и Љубомир Коцевски. Тие едногласно порачаа дека не треба да има намалување на ресурсите кои се предвидени за судството и обвинителството, бидејќи тоа ќе влијае на нивната автономија и на квалитетот и ефикасноста на правдата. Против предлогот се спротивстави и Здружението на јавни обвинители на Македонија.
