Раководителот на Агенцијата за кибербезбедност и инфраструктура при американското Министерство за внатрешна безбедност, Кристофер Кребс, изјави дека странските земји неможат да влијаат врз резултатите од претседателските избори во САД.
Тој повика да не се реагира нагло на такви проблеми како паѓање на сајтови поради преоптоварување или на дејства на злонамерници.
– Можеме да видиме со точност дека ниту една странска земја нема способност да измени макар и еден глас. Американците треба да бидат уверени во заштитата и безбедноста на гласањето, броењето на гласовите и резултатите, изјави Кребс синоќа за Фокс њуз.
Разузнавачите на САД претходно соопштиоја дека Русија и Иран, секој посебно, добиле информации за регистрацијата на американските избирачи, за да влијаат на исходот од изборите. Се тврди дека Москва е со намера да го поддржи Доналд Трамп, а Техеран се обидува да ја спречи неговата победа.
