Кредитите ќе мора да се вратат – фирмите ќе бидат обесштетени, ако има пари од стечајот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓните дефинитивно ќе треба да ги вратат кредитите земени преку Еуростандард банка, иако допрва ќе треба да се утврди на кој начин тоа ќе се реализира. Постапката и начинот на враќање, според економските експерти ќе биде регулиран и утврден од страна на стечајниот управник. Според поранешниот советник во министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, иако банката сега ќе добие стечаен управник, таа не оди во ликвидација и не престанува да функционира, туку ќе продолжи како правно лице.

„Тој стечаен управник ќе треба да направи ли реорганизација на банката или продажба ли ликвидација. Но тој ќе продолжи да ја води банката и во тоа негово водење на банката тој ќе треба да утврди начин на кој што ќе бидат вртатени овие кредити. Една можност е да се склучи договор со некоја банка или со повеќе други банки за тие да им дадат кредити на луѓето кои што имаат кредити во Еуростандард и потоа луѓето кредити да ги вратат преку друга банка“, истакна Бранимир Јовановиќ. 

Што се однесува до физичките лица кои имаат депозити, односно средства во Еуростандард банка, Јовановиќ вели дека оние кои имаат до 30 илјади евра, ќе бидат обештетени целосно, од страна на Фондот за осигурување на депозити.

„Фондот кажа дека ќе почне со тоа за од прилика две три недели и граѓаните не треба да прават ништо во овој момент во врска со ова. Фондот ќе ги добие сите податоци и ќе ги информира граѓаните како ќе оди исплатата. За оние физички лица кои имаат над 30 илјади евра ќе добијат обесшетување од 30 илјади евра, а парите што се над 30 илјади евра, можеби ќе им бидат вратени доколку има пари во стечајната маса. Многу важно е тоа дека правните лица кои имаат сметки или средства во оваа банка, не добиваат обесштетување од Фондот за осигурување на депозити ниту до 30 илјади евра туку тие ќе бидат обесштетени само доколку останат пари од стечајната маса“, посочи Бранимир Јовановиќ.

Директорот на Фондот за осигурување на депозити Борче Хаџиев изјави дека заклучно со 10-ти јули, во Еуростандард Банка граѓаните имале депозити во висина од 4,4 милијарди денари. Како што тврди тој, 99,4 отсто ќе бидат обесштетени.

Над две илјади компании остануваат без пристап до своите трансакциски сметки поради затворањето на Еуростандард банка, а околу 800 милиони денари изнесувале депозитите што ги имале правните лица оставени во оваа банка. Инаку поранешниот гувернер на народна банка, Петар Гошев за време на неговиот мандат ги затвори Радо Банка во 2005 и Македонска Банка во 2007 година.