Крем супа од тиквички и куркума

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кремаста супа за студените зимски денови.

Состојки:

– 2 тиквички

– 1 морков

– 1 главица кромид

– 1 компир

– 2 чешниња лук

– 500 мл млеко

– сол, бибер

– куркума, магдонос

– малку маслиново масло

Подготовка:

На маслиново масло пропржете ситно сечкан кромид.

Потоа додадете го другиот зеленчук исечкан на коцки, издробениот лук и зачините. Варете уште неколку минути.

Покријте со млеко и топла вода.

Кога зеленчукот ќе се свари, тргнете го од шпоретот и изблендирајте го со миксер за стапчиња.

Вратете на шпорет уште еднаш да зоврие, па промешајте.

По желба можете да додадете и една лажица павлака.