Кремљ: Не сме добиле нова верзија на мировниот план

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кремљ тврди дека сè уште не добил ажурирана верзија на мировниот план по разговорите меѓу американските и украинските претставници одржани за време на викендот во Женева.

Портпаролот Дмитриј Песков утрово изјави дека администрацијата на Владимир Путин ги следи преговорите и разбира дека се направени „одредени прилагодувања“ во планот, кои Русија ги доби претходно.

„Но, досега официјално не сме добиле ништо“, рече тој. Песков додаде дека нема планови за разговори меѓу Русија и американската делегација за Украина оваа недела.