Кремљ: Неопходна е средба меѓу Путин и Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кремљ денеска сооошти дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп е клучна, но и дека се потребни значителни подготовки. Според Кремљ, средбата ќе даде конкретни резултати.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Пексов даде свој коментар по повод изјавата на Трамп дека мора што поскоро да се сретне со Путин.

„Таква средба е неопходна, пред се од гледна точка на билатералните руско-американски односи и од гледна точка на сериозен разговор на највисоко ниво за меѓународните прашања и регионалните проблеми, вклучувајќи ја и кризата околу Украина“, рече Песков.

Украинските и руските преговарачи денеска ќе имаат состанок во Истанбул, што се смета за први директни мировни преговори по повеќе од три години под притисок од американскиот претседател Трамп да го прекинат најсмртоносниот конфликт во Европа по Втората светска војна.