Кремљ одби да коментира за синоќешниот упад и пресретнување на беспилотни летала над Полска, земја-членка на НАТО која ја обвини Москва за лансирање на беспилотните летала и го нарече тоа „провокација“.
„Би сакале да не коментираме, тоа не е во наша надлежност. Тоа е во надлежност на Министерството за одбрана“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков за време на редовниот дневен брифинг.
Варшава и нејзините сојузници денес го осудија како руска „провокација“ навлегувањето на беспилотни летала во полскиот воздушен простор за време на нападот врз Украина и објавија дека неколку од тие авиони биле пресретнати од полската армија и НАТО.
Песков рече дека лидерите на европските земји и НАТО „секојдневно ја обвинуваат Русија за провокации“.
Руското Министерство за одбрана ги коментираше случувањата.
„Целите на нападот беа постигнати. Сите наведени цели беа погодни. Ниту една цел на територијата на Полска не беше планирана“, се вели во соопштението.
