Рускиот претседател Владимир Путин синоќа одржа состанок за подготовка на претстојните преговори со украинската страна во Истанбул, изјави утрово портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
„Пред заминувањето на нашата делегација за Истанбул, претседателот Путин синоќа одржа состанок за подготовка на претстојните преговори со украинската страна“, рече Песков, пренесува ТАСС.
Песков истакна дека, покрај членовите на руската преговарачка група, на состанокот присуствувале и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за одбрана Андреј Белошов, началникот на Руската национална гарда Виктор Золотов, секретарот на Советот за безбедност Сергеј Шојгу, началникот на Генералштабот Валериј Герасимов и шефот на ФСБ Александар Бортников.
