Кремљ потврди дека специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата вчерашна посета на Москва.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин и Виткоф се согласиле за потребата од разговор меѓу Трамп и Путин, но точниот датум се уште не е договорен.
„Точното време на разговорот меѓу двајцата претседатели се уште не е одредено. Откако господинот Виткоф ќе му ги пренесе на својот претседател сите информации што ги добил во Москва, тогаш ќе одредиме време за разговори“, изјави Песков за новинарите.
