Кремљ потврди дека рускиот претседател Владимир Путин нема да патува во Турција, ниту ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во наредните денови, иако се појавија шпекулации за можна средба меѓу нив двајцата со Зеленски.
Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека руската делегација е во Истанбул и ги чека украинските претставници од утрово. Руската делегација ја предводи претседателскиот советник Владимир Медински, кој го потврди своето пристигнување и изјави дека Русија сака да разговара за „коренските причини за конфликтот“ и да воспостави траен мир во Украина.
Ваквите изјави укажуваат дека Москва нема намера да се откаже од своите клучни барања, вклучително и територијалните прашања, и останува неподготвена да се согласи на 30-дневниот прекин на огнот што го бараат Украина и нејзините западни сојузници, но и Кина.
