Криминал со набавка на мазут: Кривична пријава против 11 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против 11 лица кои беа приведени синоќа поради злоупотреба на јавни набавки со мазут штетен по здравјето. Едно лице се уште е во бегство, додека друго лице е во притвор за друго дело. Според полицијата, по наредба на Кривичниот суд и во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, извршиле акција во Скопје, Битола и Кичево. МВР соопшти дека против 11 лица кои се лишени од слобода се покренати кривични пријави за злоупотреба на службената положба и перење пари и други приноси од казниво дело.

Во рамките на акцијата, пронајдени и одземени се документација, мобилни телефони, околу 150 крушуми од разен калибар, два пиштоли и три автомобили. ТВ21 ги обезбеди и имињата на осомничените.

СПИСОК НА ОСОМНИЧЕНИ:

Васко Ковачевски (55) Битола
Ратко Капушевски (38) Скопје
Асмир Јахоски (40) Кичево
Ардијан Муча (44) Скопје
Ерџан Сулкоски (43) Кичево
Данчо Стојановски (43) Велес
Ружди Рамадани (48) Желино,
Благица Марковиќ (51) Скопје
Душица Сеизовска Јовановиќ (43) Куманово
Добрила Стефаноска (66)Скопје
Марија Нешовска (60) Скопје
Емил Пецаков (61)Скопје
Никола Стојановски (61) Маврово

Меѓу нив е и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, осомничен за злоупотреба на јавна набавка на мазут и за перење пари. Тој од декември е недостапен за Обвинителството за друго кривично дело – предметот „Адитив“, осомничен за други злоупотреби во ЕСМ.

Дури и поранешниот комерцијален директор на ЕСМ, Ардијан Муча, кој беше осомничен во случајот „Адитив“, сега е осомничен и во случајот „Мазут“. Осомничени се и Ратко Капушевски, генерален директор на компанијата РКМ енерџи, и Асмир Јахоски, сопственик на компанијата „Пуцко Петрол“, кој е син на пратеникот Исмаил Јахоски, од редовите на ДУИ.

-По испрашувањето на осомничените за злоупотреба на продажба на сомнителен мазут со низок квалитет, од Обвинителството велат дека ќе продолжат кај судија на претходна постапка кои ќе бидат испрашувани и тие ќе одредат какви мерки ќе се преземат за споменатите осомничени, пренесува репортерот на ТВ21, Аднан Ќаили.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција велат дека во текот на 24 часа од приведувањето, според судската пракса, на осомничениот мора да му биде изречена една од предистражните мерки.