Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, даде свое видување во врска со криптовалутите. Тој истакна дека тие се создадени од шега, но може да станат вистински пари во иднина.
„Криптовалутите се иднината, но инвестирајте со внимателност“, вели Илон Маск.
Потоа беше прашан за Догекоин, односно дали тоа е светска криптовалута.
„Постои добра можност криптовалутите да станат иднината.Но, треба да се смета само за шпекулација во овој момент, затоа немојте да одите предалеку со шпекулациите. Догекоинот е измислен како шега, за забава. Но, парите измислени како шега, може да станат вистински пари“, вели Маск.
На прашање дали Догекоинот ќе достигне вредност „до месечината“, Маск претходно кажа да не се претерува со криптовалутите.
Cryptocurrency is promising, but please invest with caution! https://t.co/A4kplcP8Vq
— Elon Musk (@elonmusk) May 7, 2021
