Англискиот тим Кристал Палас, е освојувач на Лигата на Конференции на УЕФА. Во финалето Англичаните ја совладаа екипата на Рајо Ваљекано од Шпанија со минимални 1-0, и со тоа го подигнаа првиот евроспки трофеј во историјата.
По првиот дел немаше ниту шанси, ниту голови, а на стартот од второто полувреме подобрата игра Кристал Палас ја круниса со гол преку Матета.
Потоа Палас имаше уште неколку добри шанси да дојде до втор гол, но не ги искористи, ама на крајот успеа да се одбрани и да дојде до трофејот.
Претходно Лигата на Европа ја освои тимот на Астон Вила исто од Англија, а „хет-трикот“ би можел да го комплетира тимот на Арсенал, кој во сабота игра финале во Лигата на шампионите против ПСЖ.
