Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кристијано Роналдо се врати во клубот во кој го доживеа статусот ѕвезда и еден од најдобрите. Иако не се соопштени детали, сепак Манчестер Јунајтед на својот веб сајт потврди дека се договориле со Роналдо, но и со Јувентус, визата е исто така средена, па тој ќе пристигне на медицински прегледи. Веројатно по прегледите ќе се знаат детали.

Инаку, доцна синоќа голем дел од светските медиуми објавија дека Роналдо е на чекор до Манчестер Сити, сепак во последен момент неговиот менаџер е Мендеш е контактиран од Јунајтед и било на брзина договорено се.

Во првиот престој на “Олд Трафорд” Роналдо постигна 118 голови на 292 натпревари. Роналдо за Јунајтед играше од 2003 до 2009.