Поради неможноста да се организира вистински сценски избор за убавина поради пандемијата со коронавирусот, денеска се одржа изборот на „Мис карантин на Светот“.
Во голема конкуренција, за Мис карантин беше прогласена македонката, 23-годишната Кристина Димитријевска од Тетово. Второто место за Елза Рекси, додека трета беше Лара. Во финалето имаше уште една девојка од Македонија – Бисера Цуцулова.
Gecjan Fashion Group од Приштина беше организатор на овој настан, а коорганизатори беа Модното студио Црнокрак и Tugce Sarykaya Dagistan од Турција. Финалниот избор се емитуваше на ТВ21 Македонија и РТВ21 Косово.
