Критики за онлајн наставата, инспекторатот не ги потврди пропустите бидејќи е во самоизолација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Унијата на средношколци излезе со бројни критики за начинот на кој е спроведено учењето на дистанца. Фрлаат сомнеж брз автентичното спроведување на наставата, бидејќи поголемиот дел од уредите што ги користат се донација од приватни компании. Од унијата додаваат дека се против онлан тестирање. Методот – учење од дистанца, како што велат, е дискриминирачки.

-Состојбата е далеку од идеална. Додека приватните образовни институции користеа само онлајн платформи за давање курсеви пред кризата, во средните јавни образовни институции, овие форми не се користеа, или не во иста мера. Затворањето на училиштата ја продлабочуваат нееднаквоста и ќе остави долгорочни последици. Најпогодени се оние кои живеат во рурални области и кои имаат посебни потреби-вели Бленди Ходаи од Унијата за средношколци.

Дека состојба со онлајн наставата не е идеална, оценија и од Просветниот инспекторат. Но, од таму за ТВ21 велат дека има случаи каде онлајн наставата не била соодветно реализирана.

-Генерално, учењето од далечина е добро спроведено, но има случаи кога имаше пропусти. Нормално, го евидентиравме сето ова. Во текот на оваа недела требаше да се потврдат овие  инспекции. Откако ќе бидат проверени надзорите, ние ќе изготвиме записник согласно она што ќе заклучиме-велат од Државниот просветен инспекторат.

Инспекциските надзори требаше да започнат неделава, но тоа нема да се случи бидејќи дел од персоналот е во изолација, откако двајца вработени во администрацијата излегоа позитивни на Ковид-19. Додека не се добие епидемиолошка слика, инспекторите нема да можат да продолжат со активностите на терен. Откако се стави клуч на сите училишта во земјата, наставата се одвиваше од далечина, користејќи разни онлајн платформи, бидејќи во нашата зема нема унифицирана платформа. Во Македонија учебната година заврши, а оценувањето на учениците во основно и средно образование исто така е направено од далечина.