Кривична пријава против две странски компании за предизвикување општа опасност при минирање на автопатот Гостивар–Кичево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против подружници на два странски правни субјекти поради постоење основи на сомнение за  сторено кривично дело „предизвикување општа опасност при градежни работи“.

Пријавените правни субјекти на 25.03.2025, при изведување на градежни работи на автопат Гостивар-Кичево, на локалитет во село Бањица, при минирање предизвикале општа опасност на тој начин што паднала поголема карпа во погон на фабрика за производство за цигли, при што била оштетена и цистерна, сопственост на фабриката.