Кривична пријава против едно лице за „грабнување“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти  грабнувањето на 26-годишниот тетовец И.Б., пријавено на 3 март годинава и до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 38-годишниот М.Х. од Тетово поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „грабнување“  (член 141 од Кривичниот законик).

                       Пријавениот М.Х се сомничи дека вечерта околу 22 часот и 30 минути, најпрво телефонски го повикал И.Б, а потоа со употреба на сила го внесол во неговото возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки, во кое се наоѓале уште две други лица од Тетово, по што се упатил кон селото Фалише.Набрзо, застанале  на земјен пат покрај нива, а М.Х. физички го малтретирал И.Б., го извадил надвор од возилото и му ја соблекол и одзел облеката и два телефони, додека  нешто подоцна му го вратил одземеното и  со возилото се оддалечил од местото, а И.Б. пешки и потоа со такси се упатил кон Тетово.

                   Вчера (9 март) М.Х. бил лишен од слобода, а денеска (10 март) изведен е пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.