ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Н.И.(30) од селото Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Давање лажен исказ“ по член 367 од Кривичниот законик. Тој, на 29.09.2025 година, свесно и со умисла, во управните служби кажал дека ја изгубил возачката дозвола поради што, поднесол барање за издавање на нова возачка. При преземени мерки, констатирано е дека неговиот исказ бил лажен бидејќи возачката дозвола му била одземена од полициски службеници во една странска земја.