Кривична пријава за бесправно градење во Трпејца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Л.(76) од охридското село Трпејца, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривичните дела „бесправно градење“, „узурпација на недвижности” и „употреба на исправа со невистинита содржина“, како и против В.К.(53) од Охрид поради сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги”.

Првопријавениот, во период од август-декември  2020 година,  на катастарска парцела во селото Трпејца, во месноста „Трпеичко кале“ што е во состав на Националниот парк „Галичица“, без да поседува одобрение за градба изградил индивидуален објект  и како доказ  употребил фалсификат геодетски елаборат, изработен од второпријавениот.